Мислеле дека има тумор, но во главата и живеел близнак (Видео)


Студентката Јамини Каранам од Индијана сфатила дека нешто не е во ред кога почнала да се мачи со читањето и со слушањето на предавањата, а и ослабнале и концентрацијата и расудувањето.603175_jamini-karanam-jutjub_f

Лекарите ја оперирале, мислејќи дека станува збор за тумор на мозокот, меѓутоа на нивно изненадување од мозокот на 26-годишната девојка извадиле ембрион од близнак со коса, коски и заби, пренесува „Ју-ес-еј тудеј“.

Од клиниката каде што и ја извршиле операцијата изјавиле дека девојката во целост ќе закрепне.603176_jamini-karanam2-jutjub_ff

– Лекарите ја отстранија мојата зла сестра близначка која ме мачеше во последните 26 години – с епошегувала Јамини, која пред операцијата во Лос Анџелес посетила многу невролози и неврохирурзи во САД, обидувајќи се да го реши својот проблем.

Јамини вели дека лекар од институто Скал Бејс во Лос Анџелес, доктор Храјар Шахинјан, развил метода со која успеал да ги отстрани близнакот, правејќи само мал рез на мозокот. Овој метод се нарекува „хирургија на клучалка“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1