Трагедија во Тетово: Загина 12 годишно дете – метална капија паднала врз него


Дванаесет годишно дете од тетовската населба Дреновец, вчера попладне без знаци на живот било донесено во тетовската болница.

Од СВР Тетово информираат дека детето се обидело да отвори металната шибер-врата во дворот на фабриката „Солидпласт“ во Непроштено, каде стигнало со возило  аедно со неговиот дедо и уште едно друго лице. Додека дедото го паркирал возилото, вратата наеднаш се откачила, паднала врз детето и му нанела тешки телесни повреди, од кои на пат за болница починало.police-lenta-500

Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршија увид на местото на повредувањето, кое е фотодокументирано, а подигнати се и траги за вештачење.

Се работи на целосно расчистување на сите поединости поврзани со случајот, додека по барање на семејството, безживотното тело на детето е предадено за погреб.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1