Полиција цела ноќ ја тресеше Македонија – еве детали


Министерството за внатрешни работи во четири одвоени случаи на криумчарење мигранти поднесе кривични пријави против пет лица, од кои двајца се грчки државјани, а притоа откриени се 39 лица илегални мигранти од кои 22 од Авганистан, 14 лица од Сирија, едно лице од Судан, и едно лице од Палестина. Меѓу илегалните мигранти четири лица се малолетни, од кои две се тригодишни деца а другите се на возраст од 16 до 45 години, и тие се префрлени во Прифатниот центар за странци.

policija nokj

Во првиот случај реализиран синоќа, околу 22,30 од страна на УПС од ПС за ГН Михајлово кај тунелите кај Демир Капија во правец Гевгелија-Скопје, направен е обид да се запре ТМВ марка “Волво“ со велешки регистарски таблички управувано од А.Р. (42). од Скопје. Но на дадениот знак ТМВ не застанало туку ја зголемило брзината, но по кратко време на стариот пат Демир Капија-Неготино, ТМВ било запрено. Во возилото откриени се 15 илегални мигранти на возраст од 22 до 16 години сите од Авганистан кои што оствариле илегален влез во РМ од Грција во близина на ГП “Богородица“ со намера да преминат во Србија а од таму во земјите на ЕУ.

Во вториот случај исто така реализиран во текот на вчерашниот ден и во кој кривична пријава за сторено кривично дело “криумчарење мигранти“ е поднесена против двајца грчки државјани М.Ш.(20) и Ј.К. (58), откриени се шест илегални мигранти сите од Авганистан меѓу кои и тригодишно девојче. Имено од страна на УПС од ПС за БПСА Д.Капија кај Смоквица во правец Гевгелија-Скопје, даден е знак за запирање на ПМВ марка “Опел корса“ со грчки регистарски таблички, меѓутоа по дадениот знак, возачот на наведеното ПМВ ја зголемил брзината и истото продолжило да се движи во правец Неготино-Скопје. Веднаш по него е забележано и ПМВ марка “Алфа ромео“ сребрена боја со грчки регистарски таблички. Од страна на полициски службеници на ПС за БПСА Демир Капија, забележале дека во двете возила се превезуваат поголем број на патници и се упатиле по наведените ПМВ меѓутоа, истите не запирале туку продолжило да се движи со голема брзина. ПМВ “Алфа ромео“ се исклучило кај с.Марвинци, а “Опел корса“ продолжило во правец кон Велес. На наплатната рампа “Градско“ од страна на полициски службеници од ПС за БПСА Демир Капија и РЦ за ГР Југ Опел-корсата е запрена и е утвдено дека го управува лицето М.Ш. а во возилото биле шестмина илегални мигранти. Подоцна кај месноста викана Маркова Чешма беше забележано и запрено ПМВ “Алфа ромео“ кое било управувано од Ј.К. Од страна на судија за претходна постапка на пријавените лица им е изречена мерка притвор во траење од по 30 дена.

Во третиот случај од страна на УПС од ПС за ГН Михајлово кај тунелите кај Демир Капија во правец Гевгелија-Скопје, прописно со светлечка лампа е даден знак за запирање на ПМВ марка “BMW“ со скопски регистарски таблички меѓутоа возилото наместо да застане продолжило со зголемена брзина и истото продолжило да се движи во правец кон Неготино. За настанот биле известени полициските службеници од РЦ за ГР Југ кои што биле кај клучката на влезот на Неготино, меѓутоа кога возачот ги забележал нив, нагло застанал на околу 500 метри пред клучката за Неготино, излегол од возилото ја прерипал заштитната ограда помеѓу двете ленти на автопатот и продолжил да бега кон Неготино. Но набргу е фатен во во кругот на приватната фирма “РОТЕ“. При проверката утврдено дека ПМВ марка BMW го управувало лицето Ш.Р. (23), и во него превезувал петмина илегални мигранти, сите од Сирија. Од страна на судија за претходна постапка на пријавениот му е изречена мерка притвор во траење од осум дена.

И во четвртиот случај исто така реализиран од страна на УПС од ПС за ГН Михајлово кривично е пријавен Б.А. (28) од Скопје. Имено, кај тунелите кај Демир Капија во правец Гевгелија-Скопје, прописно со светлечка лампа е даден знак за запирање на ПМВ марка “JEEP CHЕROKЕЕ“ со скопски регистарски таблички управуван од пријавениот меѓутоа тој и по дадениот знак, не застанал туку ја зголемил брзината и продолжило да се движи во правец кон Скопје. Од страна на полициски службеници на РЦ за ГР Југ продолжено е по џипот, кој набргу бил престигнат и запрен. Во џипот се откриени 12 лица илегални мигранти од кои девет лица од Сирија и по едно лице од Авганистан, Палестина и од Судан. Од страна на судија за претходна постапка на Б.А. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1