Припадници на полициските сили го претепале братот на српскиот премиер Александар Вучиќ, Андреја Вучиќ и тројца припадници на обезбедувањето на премиерот, пренесува српски „Курир“.
Според весникот, Вучиќ бил претепан без никаква причина, а детали за настанот се најавуваат за подоцна.
Не е познато дали инцидентот е поврзан со Парадата на гордоста, која во моментот се одржува во главниот град на Србија.