Полицијата го истражува неверојатниот случај на жена која роди бебе , иако десет години е во кома.
Полицијата го истражува случајот на сексуално злоставување , односно силување на жена која десет години е во кома и е сместена во Центарот за здравствена нега во Феникс , во американската држава Аризона.
Поради скандалот , директорот на оваа установа даде оставка во понеделникот. Сите вработени мажи во центарот мора да дадат ДНК на анализа , за да се утврди чие е бебето и кој ја силувал неподвижната жена.
Персоналот на центарот раскажува дека никој не знаел дека жената воопшто е бремена , се додека не добила породилни болки и почнала да стенка , по што родила здраво бебе.
Но , од друга страна Законот за заштита на податоците ги спречува надлежните да спроведат масовно земање на ДНК од целиот машки персонал , без оглед дали доброволно или со налог.
На ваквиот скандал реагираа и од индијанското племе , чија припадничка е 29 годишната жена. Поглаварот Тери Рамблер на племето Сан Карлос Апачи изрази шокираност и ужас од третманот што го добила нивната соплеменичка , која е во кома како последица од давење во вода пред десетина години.
Од семејството на жената велат дека ќе се грижат за малото момче.