Ќе продолжи снегот и ладно време – Во Маврово снежната покривка 73 сантимери, на Попова Шапка 40


Врнежите од снег од попладне ќе засилуваат, особено во западните и северните делови на Македонија, каде снежната покривка дополнително ќе се зголеми за 10 до 20 см, а на планините и над 20 см. На крајниот југоисток врнежите ќе бидат мешани од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од -2 до 3 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од снег, кои околу пладне ќе бидат со засилен интензитет. Максималната температура ќе достигне околу -1 степен.

Најмногу снег има во Маврово 73 см, на Попова Шапка 40 и во Крушево 39 см.

Од УХМР најавуваат дека од петок до недела времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините.

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од снег, повеќе во западните и северните делови. Снежната покривка во овие делови дополнително ќе се зголеми за 10 до 20 сантиметри. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус шест до еден, а дневната од минус четири до три степени.

Во Скопје слично време, облачно со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе достигне до минус еден степен.

Од петок до недела времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1