Според сликите кои беа објавени на Куманова Сот, во м.в Дива Населба, полицијата приведува лица од куќа, но без детали кој е уапсен во моментот, пренесува kumanovskimuabeti.mk
МВР презема мерки за разбивање на вооружена група во кумановската „Дива населба“, изјави портпаролот на МВР Иво Котевски.
Акцијата, се одвива по претходно добиени оперативни сознанија дека во тој дел од градот има вооружена група.
Од МВР апелираат граѓаните да останат мирни.