ПОЛИЦИJAТА УПАДНА НА МИТ УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО СКОПЈЕ


Полицијата утрово направила упад во просториите на МИТ универзитетот во сите три објекти во градот, потврдија за НОВА вработени од универзитетот.

Како што брифираат изворите за порталот, вработените уште од утринава ги држат во канцеларијата за студентски прашања каде ги проверуваат досиеајата на универзитетот.mit-univerzitet

Полицијата ги информирала вработените дека имаат налог од јавното обвинителство за да влезат на универзитетот. Освен полиција, таму има и повеќе инспектори од МВР, од Управата за јавни приходи и од Министерството за образование.

Дел од вработените се сомневаат дека се работи за одмазда бидејќи токму од овој универзитет беа избркани од работа заменик министерот на МВР, Оливер Андонов и Тони Науновски од ГДОМ.

Од МВР се уште нема официјална потврда за случајот.

Провладините медиуми пак, повикувајќи се на полициски извори, пишуваат дека во тек е голема полициска акција „Еразмус 2”, а се вршеле контроли на повеќе локации во Скопје и една во Македонски брод.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1