Жена од Карпош, девојче од Ѓорче и битолчанец вчера се пријавени за исчезнати.
На 26.10.2015 година во полициската станица во Карпош, Ј.С.(41) пријавил дека на 24.10.2015 година од домот во непознат правец се оддалечила неговата сопруга Д.Р.(32).
На 26.10.2015 година во полицијата во Ѓорче Петров Ј.А.(60) пријавила дека на 21.10.2015 година од домот во непознат правец се оддалечила нејзината ќерка В.А.(18).
На 26.10.2015 година во СВР-Битола Б.И.(59) пријавил дека на 24.10.2015 година од домот во непознат правец се оддалечил неговиот син К.И.(33).
Се превземаат мерки за пронаоѓање на сите лица.