Полицијата заборавила да му јави: На телевизија дознал дека ќерка му е убиена


Несреќниот татко Дејвид Ловел на вести дознал дека неговата ќерка е убиена, бидејќи од полицијата заборавиле да го информираат за случајот.

Тринаесетгодишната Никол Ловел пред речиси две недели, на 27 јануари, се искрала од својата соба во Вирџинија, а нејзиното тело било пронајдено по четиридневна потрага.212322944756bdebc49a431533708329_w640

Иако е свесен колку полицијата потфрлила, несреќниот татко рекол од полицијата му се извиниле и дека не ги обвинува поради грешките кои ги направиле.

Инаку, за убиството на малолетната Никол е обвинет Дејвид Ајзенхауер (18), додека во тоа му помагала 19-годишната Натали Киперс, која е обвинета за соучесништво.

Се што забележал таткото е дека Никол се допишувала со постаро момче преку интернет, и дека сега жали што не го сопрел тоа.

– Доколку бев тука за неа, можеби на интернет немаше да бара постари момчиња да ја прифатат – заклучил несреќниот татко.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1