Полицијата утрово почна акција за приведување на осомничени во врска со исчезнувањето на вредни предмети со културно историско значење од Музејот на Македонија.
Помошник министерот за односи со јавноста Иво Котевски за МИА ја потврди акцијата и најави повеќе информации во текот на денот.
Според првичните инфорации, приведени се актуелниот и еден од поранешните директори на Музејот на Македонија.
Во истрагата беше констатирано дека недостасувааат 166 вредни предмети од културно истриски значење. Истрагата поажа дека изнесувањето на предметите траело подолго време и во него биле вклучени лица од внатре.
извор: МИА