Потерница по Субрата Рој


Бизнисменот требаше да се појави во Врховниот суд на Индија за да објасни зошто неговата компанија не им враќа 4 милијарди долари на измамените инвеститори

Subrata-Roy_PTIВрховниот суд вчера распиша потерница (без можност за кауција) против сопственикот на „Сахара“, Субрата Рој, затоа што тој не се појави на суд

Како што пренесуваат индиските медиуми, адвокатот на Рој, Рам Џетмалани, изјавил пред Врховниот суд дека тој не можел да дојде бидејќи морал да отпатува во Лакнау, главниот град на државата Утар Прадеш, за да ја види неговата болна мајка. Тој побара да му се дозволи повеќе време, додавајќи дека Рој не избегнувал да се појави на суд.

На 20 февруари годинава беше наредено личното присуство на Рој и на тројцата директори, откако пазарниот регулатор СЕБИ соопшти дека компанијата не платила 20.000 крори (околу 4 милијарди долари) на своите инвеститори. Врховниот суд веќе им забрани на Рој и на директорите да патуваат во странство, додека компанијата не ги достави документите кои се однесуваат на изворот на пари, за кои тврди дека ги плаќа на инвеститорите.

Инаку, на крајот на јануари оваа година Врховниот суд одлучи да му ја продолжи забраната за патување во странство на Субрата Рој, се’ додека милионерот и неговата компанија „Сахара“ не ги достават сите информации што ги бара пазарниот регулатор – СЕБИ околу враќањето на парите. „Ќе дозволиме Субрата Рој да патува во странство дури откако ’Сахара груп‘ ќе ги достави сите информации што ги бара СЕБИ“, стоеше во соопштението на Судот.

Македонија е во исчекување на милионските инвестиции најавени од Субрата, ексклузивниот туристички комплекс во Љубаништа и инвестицијата во најголемиот агрокомбинат „Џумајлија“, тешка 200 милиони евра. Субрата најави и изградба на спомен-обележје во чест на Мајка Тереза во Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1