Скијачката која се повреди во Сочи е парализирана


soci komissarova

Руската акробатска скијачка , Марија Комисарова која доживеа тешка несреќа на веќе завршените Зимски олимписки игри во Сочи објави дека е парализирана од половината надолу.

„Не чувствувам ништо од половината надолу. Но јас сум силна! И знам дека еден ден повторно ќе стојам на своите нозе“, напиша на својот Инстаграм профил една од најубавите руски Олимпијки кои се натпреваруваа во Сочи.

23-годишната скијачка на 25-ти февруари доживеа тежок пад поради кој настрада нејзиниот 12-ти пршлен.

ALeqM5hz6AqiNrUeIpBKx6cvpBof8z_9EwКомисарова беше веднаш оперирана во најблиската болница во Краснаја Полјана, а потоа беше префрлена во специјална болница во Минхен каде што ѝ беа извршени уште неколку операции.

По нејзиното враќање во Русија ја посети претседателот Владимир Путин кој нагласи дека државата ќе ги покрие сите трошоци за нејзиното лекување.

Трагедија во Сочи: Натпреварувачка ја скрши кичмата

Лидер.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1