Полициско сведоштво за реакцијата на возачот кој ја усмрти Фросина


Скопјанецот Љубиша Видејковиќ (26) е возачот кој во петокот вечерта на булеварот Партизански одреди кај Универзалната сала со автомобил „хонда“ ја усмрти 19-годишната Фросина Цековска од Kрива Паланка, студентка на Електротехничкиот факултет во Скопје, објави ДНЕВНИК.

Foto - Faktor.mk

Foto – Faktor.mk

 

Откако ја прегазил, несовесниот возач, наместо да застане и да и укаже помош, продолжил да вози по булеварот. Бидејќи не можел да го издржи притисокот од делото што го направил, отишол во полициската станица во Ѓорче Петров и сам се пријавил.

– Момчето дојде во полициската станица во 21.10 часот. Беше збунет и во шок и кажа дека прегазил пешак. Му требаше време да се соземе од шокот и дури по неколку минути почна да зборува – велат од полицијата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1