Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски закажа седница на Извршниот комитет и состанок со пратеничката група на партијата за попладнево.
Од партијата брифираат дека се вршат жестоки притисоци од власта и премиерот Зоран Заев за обезбедување мнозинство за гласање на уставните измени, пренесе Независен.
– „Се гази демократијата и Заев, по секоја цена, спротивно на волјата на граѓаните тргнал кон промена на името. Заев е уплашен цовек, всушност, операцијата за промена на името станува операција за спас на неговата кариера. Националното обезличување станува негов врвен приоритет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.