Поплава во Основен суд Скопје 2 – сите судења одложени


Основниот суд Скопје 2 денеска беше во лер – од утрото нема струја поради што не се одржуваа судењата, јави Канал 5.

Osnoven-Sud-Skopje-II-SkopjeСпоред информациите од судот вечера вечер пукнала цевка која предизвикала поголема поплава. За да не настане поголема штета целосно била исклучена електричната енергија.

Дефектот бил саниран, но струјата и денеска не беше вклучена за денеска убаво да се исуши намокрената инсталација.

Некои од адвокатите и граѓаните кои доаѓаа на закажаните рочишта се качуваа во темните судници за  да добијат нови датуми за судење, а други што дојдоа подоцна беа враќани уште на влезот на судот, известува Канал 5.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1