Дојава за бомба во основното училиште „Блаже Конески“ во општина Аеродром добила предмалку полицијата, објави Курир. Според првичните информации, учениците се веднаш евакуирани, а полициските екипи се на терен.
Веднаш повикавме полиција и ги евакуиравме децата. Полицијата утврди дека се работи за безопасни бомби, истакна директорот на ОУ „Блаже Конески“
Бомбите најдени од ученици во подрумските простории во основното училиште „Блаже Конески“. Тие пронашле торба во која имало две бомби и веднаш ги алармирале професорите. Повикана била полиција и утврдено е дека се работи за школски пластични бомби кои се безопасни.