Поради дефект неколку згради во Центар без парно – СТАРА ГРАДСКА БОЛНИЦА меѓу нив


Поради дефект на секундарната дистрибутивна топлинска мрежа кај објектот на клиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ (т.н. стара градска болница), неколку згради во центарот на Скопје времено не се во можност да добијат толинска енергија, соопшти БЕГ.parno

Дефектот во мрежата предизвика прекин на греењето во болницата „Cв. Наум Охридски“, во зградите на Сојузот на синдикатите и Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“, како и во зградите на булевар „11 Октомври“ со броеви: 19, 21 и 23 и на булевар „Кочо Рацин“ со броеви: 8, 10, 14, 18, 20 и 28.

Дежурните екипи на БЕГ-Дистубуција се на терен и интензивно работат на санирање на дефектот. Поради големината на дефектот, во овој момент, невозможно е да се даде прецизна проценка кога тој ќе биде отстранет, но екипите прават напори редовното снабдување со топлина во овој дел од градот да биде воспоставено во текот на денешниот ден.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1