Во пукањето во Марибор смртно настрадале три лица. Oтпуштениот работник М.Ч дошол во фирмата и убил две лица, а потоа си пресудил сам. Го убил сопственикот на фирмата и неговиот син, а секретарката успеала да побегне.
Инцидентот се случил нешто пред 12 часот на Алјажева улица во Марибор. Трагедијата се случила во просториите на фирмата која се бавела со градежништво, во куќата на Абедин Шаље. Соседите биле преплашени, а на улиците имало полицајци кои ги блокирале околните улици и се обидувале да влезат во куќата. Фирмата “Fossor” веќе некое време имала блокирани сметки, и работела со големи загуби.
Според медиумите работникот неколкупати се заканувал дека ќе го убие шефот поради неисплатени плати и добиен отказ. Тој поради несогласување во фирмата бил на боледување подолго време.