На три аеродроми во Германија откажани се околу 350 летови поради штрајк на вработените на авио-компанијата Луфтханзa кои бараат зголемување на платите.
Синдикатот UFO предупредува дека во петок ќе стапи во 24 часовен штрајк, ширум целата земја доколку компанијата не ги исполни нивните барања. Летовите, во главно пократките и средни линии, откажани се на аеродромите во Франкфурт и Минхен, двата најголеми аеродроми во Германија, како и на аеродромот во Берлин.
Третина од откажаните летови биле меѓународни, меѓу кои летови кон и од Лос Анџелес, Хјустон, Џикаго, Пекинг и Мексико.
Прекинот на работата, синдикатот го започнал изминатиот петок во Франкфурт, бидејќи како што истакнале, 13 месечните преговори за зголемување на платите биле неуспешни.
Луфтханзa издала соопштение во кое на синдикатот UFO му упатила критики дека води спор на штета на клиентите и дека неговата стратегија на најавување штрајкови само неколку часа пред летовите им оневозможува на патниците да ги прилагодат своите планови.