Поранешен агент на ЦИА предупредува: Борбата против тероризмот ќе трае вечно!


Можно е никогаш да не дојде крајот на војната против терористите кои ги предводат САД, кажува поранешниот агент на ЦИА Пол Пилар, а како една од главни причини за тоа наведува дека е лошото толкување на поимот “тероризам“.

-Луѓето во последно време целосно погрешно го дефинираат тероризмот и тоа доведува до многу лоши политички одлуки – напишал Пилар во статија за “Нешнел интерест“.balkan-cia-630x362

Како што тој кажува, јавноста пред се не разбирала дека тероризмот е повеќе тактичка техника, него собирање на одреден број на луѓе. Терористите се сметаат за група “лоши момчиња“, па погрешно се разбира дека доколку тие се уништат проблемот ќе биде решен.

Друг проблем, тој истакнува, дека е тоа што постои тенденција на поврзување на поимот “тероризам“ со одредени организации како Ал Каеда или ИСИС.

-Политичарите и понатаму ги прошируваат антитерористичките операции против припадниците на ИД во Либија и Авганистан. Меѓутоа, факт е дека запрво таа терористичка организација е најпопуларен бренд во радикалниот сунитски свет, а тоа вешто го користи секој кој учествува во играта на моќ – истакнува поранешниот американски разузнавач.

Според него, денес тоа се Либија и Авганистан, утре може вниманието да се насочи кон Сомалија или Обалата на Слоновата коска, односно на било кој дел од светот, доколу се слушне за активностите на ИСИС.

Во меѓувреме, како што кажува, милитантите во Авганистан, кои себе се нарекуваат припадници на ИСИС всушност се талибанска маргинална група која се бори за власт.

Сегашната стратегија, според неговите зборови, тешко дека ќе доведе до суштински резултати.

Пилар заклучува дека тензијата за борба против терористите, без земање во предвид самата срж на проблемите, ќе доведе до поголема војна со ИД и сличните организации.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1