Кинеските власти конфискуваа од поранешен началник на болница во провинцијата Јунан во југозападна Кина сто станови, 35 милиони јуани (5,6 милиони долари) и други вредни предмети.
За одземање на целиот недвижен имот биле потребни сто товарни возила, пишува кинескиот весник Чајна дејли“.
Според весникот 57-годишниот Ван Тианчасо е обвинет за присвојување и други злоупотреби при изградба на објекти во рамки на провинциската болница, при купување на медицинска опрема, како и при наем на персонал.