Прислушување во Германија: Меркел и шефот на БНД ќе поднесат оставка?!


Германската амбасадорка ги повика надлежните да дадат оставки поради случувањата на домашната политичка сцена и политичката криза повикувајќи се на “западно” верување и менталитет заборавајќи дека опозицијата во нејзината матична држава го бара истото од нејзиниот шеф за слична афера со прислушуваниот телефон на канцеларката Меркел и шпионирањето во корист на САД

German Chancellor Merkel holds a BlackBerry Z10 smartphone featuring high security Secusite software at the booth of Secusmart during her opening tour at the CeBit computer fair in Hanover

Шпионска афера повторно ја тресе Германија. Овојпат не станува збор за американската НСА, туку за недозволените активности на германската тајна служба БНД. Сеуште не беа стивнати критиките на опозицијата поради игнорантскиот однос на владата кон аферата за шпионирање на телефонот на канцеларот, кога на виделина излезе нова афера за заедничка германско- амерканско електронско набљудување и следење на комуникациите на европски фирми, политичари и менаџери.

Според наводите на аферата во зачеток, која го разбранува Бундестагот, американците повеќе од 10 години праќале ИП-адреси или телефонски броеви на германската партнерска агенција БНД, кои потоа биле користени за борба против тероризмот.

Скандалот го објавија  германската политичка Левица и партијата на Зелените.

Тие изнеле докази за овој скандал што ја натерало владата да отвори истрага под принуда на Бундестагот којшто воопшто не бил информиран за работата на тајната служба.

Се бара одговорност и од Меркел, зашто работите не се начисто дали бундесканцеларката знаела или имала сознанија за нелегалните разузнавачки активности. Зелените одат и понатаму, доколку се докаже дека Меркел знаела за шпионажата, во Бундестагот да се бара доверба за Владата.

Уште повеќе, скандалот покажа дека германскиот парламент не е недопирлив, туку во случајов бил во сенка на активностите на БНД зшто не била информирана надлежната комисија во Будестагот.

Канцеларката, соочувајќи се со растечките контраефекте од аферата, наредила сеопфатна истрага за да се утврди дали германската тајна служба здружено дејствувала на штета на Германија и нејзините западноеврпски партнери.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1