Косовската полиција денеска соопшти дека уапсила поранешен српски генерал осомничен за воени злосторства против цивили, косовски Албанци, пренесува БТА.
Поранешниот генерал Милован Бојовиќ бил уапсен вчера при нелегално преминување на границата на граничниот премин Мердаре.
Беџет Шаља, член на приштинскиот Советот за заштита на човековите права и слободи, изјави дека Бојовиќ е осомничен за повеќе убиства во Косово, и „злосторства кои останале неказнети”, кога Бојовиќ командувал со воени српски единици во Косово, за време на конфликтот.