Поранешниот бугарски амбасадор во земјава: Македонците се Бугари, без таа вистина за нив нема ЕУ


Поранешниот бугарски амбасадор во Македонија, Александар Јорданов (2001-2005), сега е пратеник во Европскиот парламент од Сојузот на демократски сили, се огласи на Фејсбук со теорија за бугарското потекло на Македонците.

Како што напиша Јорданов, Македонците имаат бугарско потекло, а бугарско е и Илинденското востание. Тој смета дека помеѓу двете земји во минатото ќе имало многу војни, но тоа не се случило затоа што, како што посочува, Македонците и Бугарите се еден ист народ.

„Народните песни собрани од браќата Димитар и Константин Миладинови од Струга се бугарски и во најголем дел потекнуваат од територијата на денешна Република Северна Македонија. Народното творештво и нејзините собирачи не лажат. Кога Јордан Хаџиконстантинов-Џинот, родум од Велес (во југословенско време го нарекоа овој град населен со македонски Бугари Титов Велес, но нашите комунисти не заостануваа со Димитровград, Коларовград, Благоевград, Михајловград!), напиша ‘Прогон и страдање за чесното име бугарско‘, тој се претставува како Бугарин и таков треба да остане во заедничката историја. Не можат да се заборават ни зборовите на Константин Миладинов кога напиша дека ‘Западна Бугарија уште се нарекува Македонија‘ и го постави прашањето: ‘А што ќе ги направиме тамошните повеќе од два милиони Бугари?‘. Затоа што тој е или достоен просветител или, според денешните скопски критериуми, манипулатор кој не го познавал своето национално потекло. Илинденско-преображенското востание од 1903 година, кое избувна во Македонија и Одринско, е настан во бугарската историја, во битието на Бугарите кои живееле на тие простори и кои несреќно останале под османлиската власт. За денешните Македонци, кои тврдат дека не се Бугари, тоа нема врска. Фактот што дел од востанието избувна на територијата каде што сега живеат, не го прави нивен настан. Архивските документи, како и старите весници, говорат дека нашите сонародници биле убивани и тероризирани од безродници. Тоа биле главно комунисти и србомани. Денешните Македонци постепено ќе ја научат таа вистина. Инаку, за нив нема да има Европска Унија. Ако го стореа тоа порано немаше да мораат да го менуваат името на својата држава“, пишува поранешниот амбасадор.

За спорот за Гоце Делчев, Јорданов смета дека е апсурден.

„Апсурден е и спорот за Гоце Делчев. Дека тој е Бугарин докажуваат не само документите, како што би рекол Антон Тодоров. Благодарение на бугарскиот поет Јаворов, денешните Македонци знаат нешто за Делчев. И ако ги признаат македонските Бугари за свои предци, тогаш може да говориме за заедничка историја, ако не ја признаат таа историска вистина, нема како историјата да ни биде заедничка“, пишува Јорданов.

ПАМЕТ: „ПА ШТА СИ ТИ?“ Новината, че българо-македонската комисия по исторически въпроси е подновила работата си, е…

Gepostet von Александър Йорданов Александров am Samstag, 17. Oktober 2020

Во времето на Преродбата, додава тој, дел од населението кое живее на територијата на денешна РС Македонија се самоопределило како бугарско население, како македонски Бугари, а доказите се повеќе и повисоки од македонските планини.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1