Цената горивата од полноќ се зголемува за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Малопродажна цена на „еуросуперот“ БС од 95 октани ќе изнесува 69 денари за литар, „еуросупер“БС-98 ќе се продава за 71 денар, „еуродизел“ (Д-Е V) за 54,5 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 43,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 1,688 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој сега ќе се продава за 27,928 денари за килограм.
Регулаторите посочуваат дека причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати е поскапената нафта за 5,3 отсто во изминатите 14 дена и за 0,542 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.