После секое десетто перење на автомобилот гратис секс!?


Полицијата не открила кои биле најчестите муштерии но пет лица уапсила на лице место точно за време на моментите додека уживале во искористувањето на наградата за лојалноста.

Челниците на една локална авто перална во Куала Лумпур се досетиле на навистина несекојдневна наградна игра разработувајќи си го бизнисот со перење коли со цел да стекнат поголем број корисници на нивната услуга. Во соработка со локалниот „салон за масажа“ најверните потрошувачи можеле да уживаат во бесплатен секс со проститутки после секое десетто користење на нивните услуги.

Сепак понудата не била долгорочна бидејќи полицијата дознала само три месеци откако била отворена понудата.

При полициската акција биле фатени четири лица за кои се верува дека ја организирале наградната игра, девет млади виетнамски проститутки, но и пет среќни добитници кои биле фатени во моментот додека уживаат во наградата за лојалност.

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1