Последната пресметка: Еве како изгледал упадот на македонската полиција во “тврдината” на терористите


Македонската полиција објави снимка од акцијата во Куманово, на која се гледа уапсената група на терористи поради која Куманово беше два дена под опсада.

Може да се види и местото каде што беа најжестоките судири на полицијата и терористите, како и оружјето кое беше запленето во оваа прилика.Screenshot_207

Во сабота за време на целиот ден се водеше судирот помеѓу македонската полиција и вооружената група која се спротиставувала со истрели од автоматско оружје, снајпер и гранати.

Акцијата траеше вкупно 30 часа.

Иво Котевски, потпаролот на Министерството за внатрешни работи, истакнал дека “полицијата се соочи со најопасната терористичка група која дејствува во регионот”.

“За голем број на нејзините членови биле распишани меѓународни потерници за извршени кривични дела, а лидерите на групата се петмина косовски државјани кои се познати по тоа што формираат паравоени структури во регионот”, изјавил Котевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1