Таткото на пет-годишното девојче Клои, кое се удави во Египет ја сподели последната фотографија од својата ќерка, на која се гледа девојчето како го поздравува таткото од брегот.
Само еден час по оваа фотографија девојчето е пронајдено на дното на базенот.
– Клои на фотографијата изгледа како да ни мавта за последно збогум, вели мајката на девојчето Сара Томпсон. Клои почина во петокот на првиот ден од своето летување во египетското туристичко место Шарм ел Шеик, пренесува Сан.