Хемофарм повлече капки за очи од прометот


Фармацевтската компанија Хемофарм започна да ги повлекува од промет капките за очи Миокарпин и Мароцен поради погрешно пакување во кутиите, соопшти во понеделникот Министерството за здравство на Србија.

hemofarmХемофарм го информираше Министерството дека ја покрена процедурата по рекламација на пациентите дека лекот Миокарпин (2% капки за очи) погрешно е спакуван, односно дека боцата со етикетата  Миокарпин (2% капки за очи, 10 мл, сериски број Т200842) е спакувана во кутија од лекот Мароцен (0.3 капки за очи, 10 мл,, сериски број Т200842, рок на употреба 03. 2014)

Надлежната инспекција ги информирала сите веледрогерии и апотеки кои ги поседуваат наведените лекови (произведувач Хемомомт Подгорица) да ги повлечат од промет и да му ги вратат на добавувачот.

Makfax

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1