Според последните информации на Државната изборна комисија, од 20,95 отсто обработени гласови, СДСМ е во водство во 41 општина, а ВМРО-ДПМНЕ води во 14.
Според преброени 20,95 отсто од гласовите, кандидатите за градоначалници на СДСМ имаат водство во Бутел, Битола, Богданци, Гевгелија, Куманово, Велес и Дојран.
Во Тетово, Теута Арифи од ДУИ е во водство пред нејзиниот против кандидат Биљал Касами од Беса.
Во Ѓорче Петров е изедначено, а во Гази Баба и во Штип водат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.
За останатите општини засега нема објавено детални податоци на веб-страницата на Државната изборна комисија.