Последните 24 часа од животот на Хитлер: Откриен секој детаљ


Британските автори Ема Крејгл и Џонатан Мејо во книгата со наслов „Последниот ден на Хитлер: Од минута во минута“ детално ги опишуваат миговите кои и претходеле на смртта на нацистичкиот водач .

Адолф Хитлер извршил самоубиство на 30 април 1945 година, заедно со својата избраничка Ева Браун, а оваа книга  открива непознати, фасцинантни детали за неговиот последниот ден. Што точно правел во букнерот подготвувајќи се за својата смрт, кои му биле неговите последни желби…hitler-eva

Полноќ, недела, 29 април 1945
Десет метри под земја, Ева Браун, љубовницата на Хитлер, се подготвува за венчавка. Токму сега е во спалната соба, во бункерот на Фирерот, а свежо бојадисаната коса и ја средува нејзината слугинка. Со оглед на тоа што Адолф не сака шминка, Ева сака да изгледа природно. Веќе има одлучено што ќе носи за важниот ден – долг фустан од црн тафт, црни Ферагамо чевли, златна алка, омилениот дијамантски часовник и  ѓердан од топаз. Денес, 14 години по нивната љубовна афера, ќе се омажи за човекот што го сака. Додуша, никогаш не помислувала дека ќе мора да се омажи под земја, во бункер, но руските тенкови веќе длабоко навлегле во центарот на Берлин, па надвор веќе не е безбедно. Ева во бункерот е од јануари и ја има најудобната соба.hitler

00.10 часот

Адолф Хитлер е во собата за состаноци и го диктира својот политички тестамент, на една од двете негови преостанати секртетарки. Секретарката е возбудена, дали таа прва ќе дознае зошто Германците ја изгубиле војната? Но следи разочарување – од устата на Хитлер не се слуша никакво оправдување, жалење – само истите стари обвинувања на сметка на Евреите кои веќе ги чула толку пати. Но, се шокира кога слуша дека тој ќе се ожени со Ева! Тој, кој секогаш тврдеше дека жените погубно влијаат на големите мажи и дека никогаш нема да се жени! „Јас и мојата сопруга ја избираме смртта наместо бегството и срамотното предавство. Сакаме нашите тела веднаш да ги запалите“ – издиктирал Хитлер.hitler dr miler

00.15

Џозеф Геблс вика: „Фирерот сака да си одам од Берлин! Ми нареди да го превземам водството на новата влада. Но , не можам да си заминам од Берлин. Не можам да го оставам Хитлер. Потоа на неговата секретарка и го диктира својот тестамент во кој вели дека првпат нема да го послуша Фирерот и дека неговото семејство и тој ќе одат во смрт заедно со Хитлер.

00.20

Магда, сопругата на шефот на Хитлеровата пропаганда, е во својата соба. Носи златен беџ кој Хитлер и го подарил пред два дена, а кој тој го носел цели 12 години. На него е впишан бројот 1. За сопруга на нацист, Магда има необично минато нејзиниот татко бил Евреин, посетувала еврејско училиште. Таа и Јозеф имаат 6 деца од 4 до 12 години. Магда во моментот е болна, ја боли грлото и се плаши дека ќе биде преслаба, па нема да има сила да ги убие своите 6 деца.hitler

00.30
Хитлер на својот собар Хајнц Линге му вели дека има посебна задача за него. „Стави две ќебиња во мојата соба и доволно бензин за кремирање. Тука наскоро ќе се убиеме, заедно со Ева браун. Ќе ги замоташ нашите тела во ќебињата, ќе ги однесеш во градината и таму ќе ги запалиш“.

00.45
Линге оди до возачот на Хитлер, Ерих Кемпке и бара од негде да пронајде 200 литри бензин. Тој го гледа како да е луд. „Верувај ми Ерих, не е шега“ , вели собарот по што Кемпке оди да бара бензин.eva braun hitler

1 часот
Ева Браун и адолф Хитлер излегуваат од своите соби, се држат за раце. Матичарот Валтер Вагнер е нервозен. Помеѓу Адолф и Ева има 23 години разлика. Се запознале во 1929 година кога имала само 17 години. работела во фотографско студио. Хитлер еден ден влегол во студиото, а Ева стоела на скалички. И било непријатно и не знаела како да му каже на мажот со смешни мустаци да престане да зјапа во нејзините нозе. Почнал да ја кани на кафе, оделе на опера и станале двојка. Но, првите 4 години биле тешки бидејќи ретко и се јавувал. Двапати се обидела да се самоубие. Кога во 1935 година поради таблети завршила во кома, Хитлер одлучил официјално да му стане љубовница. сега конечно се венчани.

5 часот
Адолф и Ева одат на спиење во одвоени соби. Кога имале сексуални односи, Хитлер земал инекции со тестостерон од бик, а таа земала лекови да го запре месечниот циклус. Но тие денови се зад нив. Хитлер сака да биде сам, не сака веќе никој да го вознемирува. Тој манијакално е опседнат со чистотијата и внимателно се мие пред да спие. Но, нема сон. Русите се само стотина метри од неговиот бункер, пренесува „Дејли меил“.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1