Последните часови од животот на музичката легенда Милан Младеновиќ ВИДЕО


Поминаа цели 25 години откако овој свет го напушти Милан Младеновиќ, фронтменот на легендарната група „Екатарина Велика“ и еден од најголемите музичари во историјата на овие простори.

На 5 ноември 1994 година Младеновиќ починал од рак на панкреас, а со месеци се зборувало за тоа дека заболел од сида. Во последните часови на неговиот живот со него во собата престојувала неговата колешка од бендот, Маргита Стефановиќ Маги.

За последните часови од животот на Младеновиќ во својата книга „Чувства. О, сеќавања“ проговорила и блиската пријателка на Маги, Лидија Николиќ.

„Еден ден пред смртта на Милан Маги беше во својот стан на Славија. Заѕвони телефонот. „Дали можеш да дојдеш до кај нас? Милан сака да те види само тебе“, очајно ѝ се обратила мајката на Милан, Даница.

„Маги веднаш повика такси и отиде во станот на Младеновиќ во Нов Белград. Милан лежел во креветот. Било мрачно“, пишува Николиќ во книгата за последната средба на двете рок легенди. „Немој да плачеш, сето ова го знаевме“, ѝ рекол Милан. „Побарал да ја стави главата во скутот на Маги и таа да го гали. Тоа често го правеа. Ѝ заспал во скутот. Останала неколку часа сама со него. На разделбата му рекла: „Се гледаме утре.“ Ништо не ѝ одговорил. Само нежно ја погледнал. Наредниот ден почина“, раскажала Лидија Николиќ.

Некои наведуваат дека славниот музичар во моментот на смртта имал само 35 килограми. Три месеци пред смртта му се слошило по концертот во Будва па итно бил префрлен во болница.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1