Мохаменд Баухел направил морничав телефонски повик, а потоа се фотографирал за на Снепчет заедно со пријатели кои биле во Ница.
Селфи фотографијата ја пратил на неговиот брат Џабер, телефонскиот повик бил со неговото семејство.
-Тој ми прати селфи и ми кажа дека е многу среќен и дека се е во ред, објаснува неговиот брат Џабер Баухел.
-Подоцна кога видовме што се случува во Ница, започнавме да му праќаме пораки за да видиме дали е добро. Ние му праќавме пораки до 2 часот по полноќ, објаснува братот.
Инаку во терористичкиот напад во Ница животот го загубија 84 лица, меѓу кои 10-на деца, а одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.