Во куќата на убиената Диана Здравковска (32) во скопското село Петровец вчера претпладнето се собираа голем број роднини, соседи, пријатели да и дадат последен поздрав, откако во петокот вечерта беше свирепо убиена од својот сосед Никола Kузмановски (22), пишува Дневник.
Диана не била разведена, а нејзиното последно испраќање во вечниот дом е токму од куќата на нејзиниот сопруг. Роднините не сакаа да зборуваат за трагедијата, но тивко коментираа дека се шокирани. Диана била вредна жена и мајка на 8-годишно девојче.
– Не веруваме во тоа што го пишуваат медиумите. Диана не е разведена, овде живееше и многу си го сакаше и почитуваше семејството. Родителите на Диана живеат подолу во селото, а Диана живееше овде со сопругот. Не знам зошто велат дека се разведени. Ако биле разведени, немаше да ја испраќаат од куќата на нејзиниот сопруг – коментираат блиски соседи.