Постигнат договор – еве кои ќе бидат министри од СДСМ во МВР и Труд и социјала


Оливер Спасовски ќе биде новиот министер за внатрешни работи, а Фросина Ременски министер за труд и социјална политика.

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, како и претставниците на ДПА постигнале договор за Законот за влада и за Законот за бомбите, дознава Алсат-М.

frosina-remenski oliver spasovski

Законот за влада предвидува замениците министри да имаат право на вето само за прашања што се однесуваат на изборите, од првиот ден на нивно именување.

Во случај на различно толкување на прашање поврзано со изборите, надлежна за решавање ќе биде ДИК. Законот за бомбите предвидува казни за медиумите кои што ќе објават материјали со кои се загрозува приватноста на луѓето, но не и за материјали од јавен интерес.

Исто така, партиите се договорија за Законот за „бомбите“ да се бара мислење и од Венецијанската комисија.

Претставниците на четирите партии моментално сѐ уште се во Клубот на пратеници.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1