Потоп во штипско, најкритично во Карбинци


Сообраќајот на патниот правец Милетково-Миравци Р-1102-кој беше затворен поради прелевање на вода на мостот- е повторно воспоставен по интервенција на екипите на ЈП Македонија пат.

Врнежите од дожд и понатаму продолжија да паѓаат во источните делови од државата каде на одредени места веќе дојде до локално излевање на водотеците.

Особено критична е состојбата во сливот на р.Брегалница и Штипскиот регион каде се излеа реката Отиња, а поплавен е и дел од патот Штип – Радовиш.stip poplava

Реката Крива Лакавица ја прелеа браната Мантово и ги поплави околните површини. Исто така надојдени се и реките кои доаѓаат од Осоговските планини (р.Кочанска, р.Оризарска, р.Каменичка), а особено р.Злетовска која се излива на некои делови од своето течение.

Зголемени протеци се регистрирани и на реките кои се сливаат од планинскиот масив Плачковица (р.Осојница, р.Градечка, р.Виничка, р.Зрновска и р.Козјачка) што дополнително ги зголемува протечните количини на вода во р.Брегалница. Како критичен останува регионот од Штип до Карбинци каде се очекува водостоите на р.Брегалница да се зголемуваат и во текот на ноќта.

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по влажни коловози поради врнежи од дожд во поголемиот дел од државата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1