Потрага по богатството на Земунскиот клан: Копачи во Сурчин веќе бараат злато и милиони!


Жителите на сурчинската населба Радиофар решиле да го пронајдат златото на земунскиот клан, кое наводно во 2002-та година било закопано во шума во близина на аеродромот “Никола Тесла”.

Во населбата Радиофар настанала вистинска “златна грозница”, откако Обвинителството за организиран криминал потврдило дека ќе отвори истрага за 22 милиони евра и десет килограми злато, кои пред 12 години “земунците” ги закопале во шума која се наоѓа во близина на аеродромот “Никола Тесла”.sud pari kradec
Голем број на граѓани ја започнале потрагата по “Ќесето на Шиптар”, пишува Informer.

“Вие како сакате, а јас веќе почнав со копање! Доколку ги најдам тие пари, веднаш ќе ги поделам со сиромашните. Тие валкани пари ќе одат во вистински раце. На сите ќе им дадам”, рекол за Informer Сречко Павловиќ.

Според зборовите на друг жител на таа населба, во шумата веќе со години доаѓаат “трагачи” од сите места во Србија.

“Веќе четири-пет години од време на време се појавуваат луѓе со детектор за метал. Но никогаш не сум слушнал дека некој имал среќа”, рекол тој за Informer.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1