Потресна фотографија: Возач ја прегрнува мајката на која тукушто и ја прегазил ќерката


Возачот на камион кој усмртил петгодишно девојче, покажал хуманост и сочувство, долго прегрнувајќи ја нејзината мајка недалеку од местото каде што, поради несреќни околности, ја прегазил.

Дарика Грин стоела со својата баба на автобуската станица близу својата куќа во Луизијана, кога ненадејно излетала на патот. Во тој момент наишол камион, ја удрил и таа останала заглавена под него. Соседите веднаш притрчале да му помогнат на несреќното девојче кое врескало заробено под камионот.01-nesrekja-gewr-2

„Го подигнаа камионот, дадоа сè од себе за да ја извлечат малата Дарика“, рекла соседката Ела Меј Марфи за „Daily News”.

Друг сосед ја опишал морничавата сцена која следела откако успеале да го ослободат девојчето.

„Нејзината баба лежеше покрај неа. Успеавме да го подигнеме камионот и таа ја извлече“, раскажал Шанте Елиот кој потоа му давал на девојчето вештачко дишење и се обидувал да ја одржи во живот додека да стигне Итната помош.

За жал, Дарика набрзо била прогласена за мртва во детската болница. Возачот на камионот кој не возел брзо и кој нема да биде обвинет, останал потресен на местото на несреќата.

Неколку часа подоцна се вратил и долго време ја држел во прегратка мајката на девојчето кое го усмртил. На местото на несреќата се собрале и голем број соседи кои оставале плишани играчки.02-darika-nesrekja-t43-2

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1