За 4 дена 30 нови вработувања преку проектот „Македонија вработува“


Проектот „Македонија вработува“  е еден од поголемите проекти на Владата на Р.Македонија којшто е во насока на отворање на нови работни места, на малаување на невработеноста во РМ, меѓутоа и на зголемување на можностите на ранливите категории на граѓани полесно и побрзо да дојдат до работа. Ова го истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на на седница за пратенички прашања во Собранието, пренесува „Курир“.dime spasov

-Практично со овој проект се подобрува вработливоста на огромен број на граѓани, огромен процент од невработените лица во нашата држава, и оние коишто се до 35 години а се наевработени три месеци, фирмите коишто ќе ги вработат ќе бидат ослободени од плаќање на придонеси 3 години со обврска да ги задржат уште една година на работа. Меѓутоа и за повозрасните категории на граѓани од 35 до 5о години се предвидува 5 години ослободување од плаќање на придонеси, оние над 50 години со 5 години ослободување од плаќање придонеси, и највозрасните над 58 години со ослободување од плаќање на придонеси се до нивното пензионирање, како и 5 годишно ослободување од плаќање придонеси за варботување на приматели на социјална помош, самохрани родители, родители на деца со пречки во развојот, лицата со инвалидност, професионалните војници кои останале без работа, рече Спасов одговарајќи на пратеничко прашање.

Овој проект, рече тој, е доста значаен за приватните компании бидејќи и тие ќе добијат ослободување од плаќање на придонеси и значително намалување на трошоците за отворање на нови работни места, односно од 6 до 10.000 месечно за секое новоотворено работно место.nevrabotenost

-Очекуваме пред се приватните компании да имаат гоелм интерес, со оглед на тоашто овој проект започна со реализација од понеделникот оваа недела и ќе трае една година. Сите приватни компаии коишто ги исполнуваат условите можат да аплицираат, а тие се компаниите д ане доцнат повеќе од 2 месеци со исплата на даноци, придонеси и плати за веќе вработените, како и да не го намалиле бројот на вработени, како би ги заштитиле и сега вработените лица во приватните компании, додаде Спасов.

Проектот, потенцираше тој, кој трае не цели 4 дена, ги постигнува очекуваните првични  резултати, интересот на компаниите од ден на ден е се поголем и досега имаат аплицирано над 50 приватни компании за да ја искористат оваа мерка.

-Овие 50 компании аплицирале за повеќе од 60 вработувања и досега за не цели 4 дена се постигнати 30 вработувања што е само потврда за позитивните аспекти на овој проект и за заинтересираноста на приватните компании.

Спасов очекува овој тренд да продолжи д арасте и понатаму, земајќи ја во предвид досегашната мерка за вработување на млади до 29 години преку која се отворија нови 8.000 работни места,  преку слични и значително помали ослободувања за приватните компании.

-Очекуваме и со овој голем проект да продолжи интересот на приватните компании и од ден на ден да се орвораат нови работни места. За нас како Влада и едно работно место е битно, а дневно кога доаѓаат по 10, 20, 30 или 50 нови вработувања преку мерка која ја овозможила Владата и за приватниот сектор и за невработените лица, кога гледаме дека проектите даваат резултати, не поттикнува да продолжиме со нивна реализација и да ги мотивираме сите да придонесат во намалување на невработеноста во нашата држава и отворање на нови работни места во приватниот сектор, а со тоа и директна поддршка на македонските семејства, истакна Спасов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1