Босанскиот пејач Халид Бешлиќ се соочува со тешки моменти во животот. Откако неодамна почина неговиот татко, потоа тој го загуби и својот пријател Чазим Чолаковиќ, па Халид низ болка вели дека тој е следниот.
– Никогаш во животот не ми било полошо. Издржувам, јас знам како и на кој начин. Помислив прво на зборовите на мајка ми, таа велеше Сине, најдобро е да си одиме по ред. Кога гледам од нејзина перспектива, јас сум следниот, вели пејачот.
Халид навистина поминува низ тешки моменти во животот.