Ние петмина живееме во 15 квадрати на 40 степени. Имаме еден прозорец и врели ѕидови. Навистина е пекол. Ова со солзи во очите го раскажува дедото Фатмир кој живее со семејството во Србија.
– Нашето едногодишно детенце Бренда си го изгоре стомачето од топлото, како и дел од раката кога се допре до прозорецот, вели дедото за ужасните услови во кои живеат.
Тој додава дека пред еден месец му починала сопругата и тоа во големи маки. Имала рак, а шанси да и се продолжи животот не постоеле.
Тој тврди дека умрела поради катастрофалните услови во кои живеат во куќата, која ја нарекува лименка.