ИСИС го убила поранешниот светски шампион Албанец – Се обидел да се врати дома


Двократниот светски шампион во тајландски кикбокс, Валдет Гаши, кој го напуштил своето семејство во Германија за да се приклучи на Исламската држава, бил убиен од милитантите на оваа терористичка организација бидејќи се обидел да избега од Сирија, јавува “IB Times”.isisalb

Информацијата за смртта на Гаши се појавила пред неколку седмици, кога неговото семејство за швајцарската телевизија изјавило дека умрел во Сирија, иако не биле јасни околностите на неговата смрт. Сириската опсерваторија за човекови права соопштила дека Гаши бил фатен кога “со друга група” се обидел да побегне од Алепо во Сирија.

Шампионот во тајландски кикбокс бил затворен во сирискиот град Манбеј, а подоцна и убиен од страна на ИСИС, рекле од Опсерваторијата, цитирајќи “доверливи извори”. Но, додаваат и дека добиле известување од уште еден извор, според кој Гаши е жив и се обидува да побегне од територијата на Исламската држава.2isisalb

Гаши, 29-годишен Германец со албанско потекло, наводно ја напуштил Германија за да отпатува за Сирија. Зад себе го оставил семејството, вклучувајќи и две ќерки. “Доколку умрам правејќи нешто добро, ќе ми биде мило”, рекол борецот во едно интервју од порано.

Опсерваторијата денес соопштила дека Гаши бил шокиран од ИСИС и дека се обидувал да се врати во Германија веќе по првиот месец од својот престој во Сирија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1