Потресна приказна: Го подаруваме бебето бидејќи нема со што да ја храниме


Драган Николин (45) и неговата 32-годишна невенчана сопруга Жана од Србија поради лошата финансиска состојба се принудени да се откажат од своето бебе кое наскоро треба да се роди.

Жана е во деветиот месец од бременоста, но нема услови за издржување, па бебето ќе го „подарат“ на секој оној кој е подготвен да ја сака и да се грижи за неа како свое родено дете.

majka bebe

Тие имаат уште две деца Драгана (4) и Драган (5) кои постојано повторуваат дека се гладни, а нивните родители се немоќни бидејќи немаат пари за храна.

-Баш е студено, тргнавме пешки од Зрењанин, но по пат застанувавме да се одмориме и да се загрееме. Тргнавме да бараме по контејнери, да бараме место за преспивање. Сега и бебето ќе се роди и наместо да се радуваме, размислуваме што ќе и дадеме да јаде. Немаме ни за млеко. Затоа мора да го направиме тоа што е најтешко за секој родител, но подобро тоа отколку да умре од глад и студ, вели Драган.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1