Италија не престанува да се тресе. Граѓаните на оваа земја веќе цела недела живеат во страв и паника како ќе го поминат денот. Утрово североисточно од Рим силен земјотрес од 6,6 ја стресе земјата.
Иако светските медиуми повикувајќи се на американската сеизмолошка опсерваторија, велат дека јачината на земјотресот била 7,1 по Рихтер.
На снимките кои се појавија на социјалните мрежи, потресот се случил рано утринава и предизвикал голем страв кај луѓето. Според видеата се евакуираат луѓе од цркви, се гледаат рушевини, владее голема паника.