Потврдено: САД сакале да ја разнесат Месечината со нуклеарки


 

Американците за време на Студената војна биле подготвени да направат се за да им покажат на Русите кој е газда меѓу суперсилите. Постоел и план за детонирање на атомска бомба на Месечината со цел да ги заплашат Русите.

Со тоа Американците мислеле дека ќе им испратат порака на Русите за тоа на што се се подготвени да направат. Нивниот план во 50-те години минатото столетие бил ставен под името Проект A119.
За среќа на човештвото овој план никогаш не бил спроведен. Нуклеарната експлозија на Месечината би можела да ослободи големо количество на плин и прашина од површината, а со самото тоа што Месечината нема атмосфера, прашање е каде истата таа прашина би завршила и колку време би требало да се расчисти.

Но, тоа не било причина за да се прекине ваквата мисија, и покрај тоа што пресметките во тоа време ги правел младиот астроном Карл Саган.

На крајот планот бил напуштен поради страв од тоа да ракетата која шт ќе ја носи нуклеарката да откаже па наместо демонстирањето на моќ на Месечината, да дојде до голема трагедија на Земјата.

Дека разнесувањето на Месечината би можело да ги заплаши Русите смелат и физичарот Леонард Раифел кој тоа го изјавил и во интервју за агенцијата Асошиетед прес во 2000 година. Авторот на биографијата на Саган напишал дека во 1959 година случајно се појавиле информациите за овој таен проект, а споменатиот физичар и астроном подоцна сето тоа го потврдил.Американската војска засега се нема огласено по овој случај.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1