Македонски музичари, сомнителни на турците дека носат дрога – пиштол голи ги држеле 2 часа


Музичари од Македонија, пиштол-голи поминале два часа на турската граница. Членовите на рупата „Дим тим“ им биле сомнителни на граничарите, на излез од Турција, па ги соблекле голи под сомневање дека шверцувале дрога, пишува весникот Вест.

Тие за „Вест“ раскажале  дека биле на настап во Измир со автомобил. На враќање имало гужва и додека чекале  на граница разговарале со Македонец кој чекал на ред пред нив. Кога дошле на ред со својот автомобил цариниците ги тргнале настрана, патниците ги однеле во соба за претрес и ги прашале дали шверцуваат дрога. По што детално ги претресле, до гола кожа.

На крајот, во нивниот автомобил ги пронашле само нивните инструменти и по повеќе од два часа ги пуштиле да си одат – пишува „Вест“

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1