Потврдено: Синот на претседателот и разузнавач меѓу загинатите во авионската несреќа во Русија


Во несреќата што се случи на аеродромот во источниот град Казан кога при слетување се урна авионот од типот „Boeing 737 500″ на локалната авиокомпанија на летот од Москва до главниот град на руската република Татарстан загинаа сите 44 патници и шест членови на екипажот, потврдил за РИА Новости неименуван извор од безбедносни структури во републиката.

fa40ca4a-034c-4829-aea3-9d63603241b0Претходно имаше недоумица дали станува збор за 50 или 52 жртви. Меѓу жртвите, според овие информации се наоѓа и синот на претседателот на Татарстан Ирек Миниханов, висок безбедносен републички функционер Александр Антонов и сопругата на познатиот руски спортски коментатор Роман Скворцов.

Авионот летал за регионален авиопревозник од републиката Татарстан, соопштила портпаролката на министерството. Казан е главен град на руската република Татарстан кој се наоѓа околу 800 километри источно од Москва а тамошниот аеродром е затворен по несреќата и во неделата навечер, откако несреќата се случила во 19.25 часот по локално време, околу 17 часот по македонско време.

Авионот летал од руската престолнина Москва и се обидел по вторпат да слета на аеродромот, авионот удрил со носот во постата и експлодирал при ударот. Како што се дознава, екипажот не бил подготвен слетување и побарал одобрување да влезе во вториот круг над пистата. Првичните извештаи зборуваат дека најверојатно станува збор човечки фактор, односно за пилотска грешка.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1