Неколкумина демонстранти се повредени при жестоките судири со полицијата пред Владата, јавува радио слободна европа . Полицијата ги истиснува демонстрантите и ги истурка од пред владата кон булеварот„Св.Климент Охридски.“
На готовс се поставени и полициските водени топови, кон демонстрантите биле фрлени и димни бомби а демонстрантите запалија неколку контејнери. По четиричасовниот протест, тензијата на улиците расте.
Според Нова тв 4 лица се приведени, ранети се повеќе полицајци а еден човек во цивил е потешко повреден и пренесен во болница.
Претходно демонстрантите ја гаѓаа владината зграда со јајца, шишиња и тврди предмети скандирајќи „Убијци“.
Video – A10N