УХМР во текот на денот издаде прогноза дека се очекуваат нови врнежи вечерва, послаби од тие во текот на претходната вечер, но со оглед на тоа што почвата е веќе натопена со големи количини вода и нема да може повеќе да апсорбира, дури и малите врнежи можат да предизвикаат нови штети.
Дополнителни 50 вакум пумпи носи вечерва Дирекцијата за заштита и спасување за собирање на водата во поплавените скопски подрачја. Пумпите се за Сингелиќ, Стајковци, Инџиково и Економија, а веројатно се веќе и распределени.
Во синоќешното невреме животот го загубија 21 лице, голем број се повредени, по шест се уште се трага, а причинети се и огромни материјални штети.
Надлежните институции се постајано на терен и преземаат максимални активности за санирање на состојбите.